Без струја утре ќе бидат делови од Ѓорче Петров, Карпош и Аеродром

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа во Град Скопје, утре ќе бидат без струја делови од Ѓорче Петров, Карпош и Аеродром.

Според информациите од РЦУК, во периодот од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улица „Исаија Маџоски” бр. 43, 45 и 47 во општина Ѓорче Петров, од 12:00 до 15:00 корисниците од дел од улицата „Варшавска” во општина Карпош и од 09:00 до 15:00 часот корисниците од улица „Тодор Чангов” , подулиците со мали броеви, од 1 до 30 во општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот