Фото: Профимедиа

Без обвинение за Мерилин Менсон: Обвинителството ја затвора истрагата за наводите за сексуален напад

Обвинителите денеска соопштија дека нема да подигнат обвинение против американскиот рок пејач Мерилин Менсон по повеќегодишна истрага за наводи за сексуален напад и семејно насилство.

Окружниот обвинител на Лос Анџелес, Нејтан Хоуман, изјави дека обвинувањата се застарени според законот и дека доказите не се доволни за да се обвини 56-годишниот рокер, пренесе „Асошиејтед прес“.

Речиси четири години откако започна истрагата, тогашниот окружен обвинител Џорџ Гаскон изјави дека неговата канцеларија бара нови докази кои ќе се додадат на веќе обемното досие што властите го собрале.

Детективите на почетокот на 2021 година изјавија дека го истражуваат Менсон поради инциденти меѓу 2009 и 2011 година во Западен Холивуд, каде што Менсон живеел во тоа време.

Менсон изјави дека тврдењата на британската актерка Есме Бијанко за тоа дека ја сексуално нападнал се неточни и дел од „координиран напад“ од повеќе жени.

Бијанко го тужеше пејачот, обвинувајќи го за сексуални напади и злоупотреба во 2009 година. Таа е една од четирите жени што го тужеле пејачот, заедно со поранешната асистентка на Менсон, Ешли Волтерс, моделката Ешли Морган Смитлајн и една жена која одлучила да остане анонимна.

Вкупно, повеќе од десет жени јавно изнесоа обвинувања против музичарот, меѓу кои и неговата поранешна свршеница Еван Рејчел Вуд.

Мерилин Менсон се предал на полицијата по обвинението дека плукнал на снимателка и пуштен со кауција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот