БЕЗ МАНА со АНА: Вегански Чоколадни Truffles со Јагоди!

Читателите на нашето печатено издание веќе имаат прочитано за Ана Аврамова. Во текот на минатата година, во неделниот магазин за здрав живот, за прв пат се запознавме со нашата омилена веган-девојка. Ана има 29 години, доаѓа од сончевата Гевгелија, веган е веќе неколку години и за кулинарството има и диплома, а од првиот момент кога ги здогледавме слатките рецепти кои таа сама ги подготвува, веднаш и го доделивме епитетот гастро-уметник!

Преку претходниот видео-рецепт имавме можност да научиме како да го направиме највкусниот вегански чизкејк со лимон. Оваа недела ќе проследиме еден многу побрз рецепт, а за него ќе ви требаат само 3 основни состојки! Неодоливо вкусни, вегански, и најбитно, добри за нашето здравје! Доколку постите, ви препорачуваме да се насладите со овие превкусни чоколадни топчиња полни со фил од јагоди! Не заборавајте да го користите хаштагот #БезМана доколку ги приготвите рецептите, и секако, не пропуштајте ја следната епизода на Без Мана со Ана, само на Слободна ТВ, секој петок во 10 часот!

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот