Бев пред пензија, со цигара во рака и голем стомак, но тогаш ми пријде Антиќ…

Фудбалскиот свет се простува од Радомир Антиќ, единствениот тренер кој од клупата ги предводел Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, а денеска тоа го стори и легендарниот португалски фудбалер Пауло Футре.

Футре во својата кариера играше за Спортинг Лисабон, Порто, Бенфика, Олимпик Марсеј, Милан, Вест Хем и во два наврати за Атлетико Мадрид.

Најголемиот успех го имаше со екипата на Порто кога во 1987 година стана европски шампион, а дсесет години подоцна беше подготвен да стави крај на кариерата, кога во тие моменти доби неочекувана понуда од Радомир Антиќ.

Футре во колумна за „Мундо Депортиво“ опишува како дојде до соработка со Антиќ.

Одлучив да заминам во пензија во 1997 година поради тешка повреда на коленото. Бидејќи неколку години претходно играв за Атлетико, добив можност да станам амбасадор на тимот. Секој четврток ги следев тренинзите на првиот тим, а еден ден седев на клупата за резервни играчи.

Прочитајте и...  Македонскиот голман Димитриевски позитивен на Ковид-19!

Тренингот беше отворен за гледачите, имаше многу луѓе на трибините, па поради тоа добив желба да избегам од гужвата и во мир да го следам тренингот. Непосредно пред тоа бев на ручек и запалив цигара, а потоа ми пријде Антиќ.

Ми рече дека на тренингот треба да бидат и младите фудбалери од јуниорскиот тим, но дошло до недоразбирање и не биле во можност да пристигнат на време. Антиќ не сакаше да ги чека цел час и ми рече дека му е потребен играч за вториот тим.

Ми вели: Те молам, облечи ја опремата и излези на терен.
Мојот одговор беше: Мистер, па погледнете ми го стомакот, не сум тренирал со месеци. Немојте да ми го правите ова.

Прочитајте и...  ЛШ: Лајпциг испишува историја, во полуфиналето „бикови“ против „светци“! (ВИДЕО)

Моите зборови не помогнаа, немав избор и излегов на терен. Веднаш им реков на соиграчите да не ми ја додаваат топката бидејќи не можам да трчам. Но, штом ја добив топката како нешто да се разбуди во мене, тоа беше оној натпреварувачки дух и за 20 минути постигнав два гола.
Публиката го скандираше моето име, а Антиќ ми пријде и кратко ми рече: Вие сте тука да играте. Ве сакам во екипата.


Газдата на Атлетико, Хесус Хил ме повика во канцеларија и ми рече: Португалска п**ко, мора да се вратиш.

Веќе во следниот ден насловот во весникот беше „Магијата се врати на Калдерон“.

Прочитајте и...  Официјално: Ѓоковиќ ќе игра на „УС Опен“!

Откако одлучи да не замине во пензија, Футре одигра една сезона за Атлетико Мадрид, по што кариерата ја заврши на далечниот Исток, во Јокохама. Португалецот признава дека најемотивниот момент во кариерата не му беше освојувањето на европската титула со Порто, туку за време на вториот престој во Атлетико.

„Тоа беше романтика, беше нешто повеќе од фудбал. Нормално дека знаев оти нема долго да трае, но не знаете какво е чувството по втор пат да стапнете на Калдерон“, пишува Футре.

Прочитај повеќе

ЛШ: Лајпциг испишува историја, во полуфиналето „бикови“ против „светци“! (ВИДЕО)

Слободен печат

Победнички старт за Вардар: Охрид беше достоен ривал на европскиот шампион!

Слободен печат

И Андреску нема да ја брани титулата на „УС Опен“

Слободен печат

Прв триумф на Металург на ракометниот турнир во Струга

Слободен печат

Димитриевски: Во одлична состојба сум, наскоро се враќам со тимот!

Слободен печат

Погба е блиску до нов договор со Манчестер јунајтед

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Македонскиот голман Димитриевски позитивен на Ковид-19!

Слободен печат

Погледнете го најдобриот гол на сезоната во Премиер лигата! (ВИДЕО)

Слободен печат

Мечевите во Лигата на нации ќе се играат на неутрален терен?

Слободен печат

Адетокумбо ја доби казната поради ударот со глава! (ВИДЕО)

Слободен печат

Игњатов и Омерагиќ го заменија Вардар со хрватскиот великан Хајдук

Слободен печат

Одобрена атлетската манифестација „Охрид трчаТ“

Слободен печат