Беспрекорното деловно издание на Брижит Макрон: Нежни бои и платнени чевли во комбинација со тесни панталони!

Фото: Профимедиа

Првата дама на Франција во препознатливо деловно издание…

Брижит Макрон (67) се појави со својот сопруг Емануел Макрон на прославата на 76-годишнината од ослободувањето на „Bormes-les-Mimosas“ на југот на Франција, а нејзиниот деловен стил уште еднаш го привлече вниманието.

Првата дама на Франција за овој важен настан одбрала струкирано пругасто сако во сина-беж нијанса во комбинација со бели тесни панталони.

Фото: Профимедиа

Аутфитот одлучила да го збогати со бели чевли на платформа од осум сантиметри.

Овој модел на чевли е дело на брендот „Casteneras“ , и совршено оди со тесни панталони, но и со различни сукњи и фустани.

Фото: Профимедиа

Првата дама на Франција го заокружи летното издание со мини торбичка, но и со заштитна маска за лице, која стана вистински моден детал во последниве месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот