Бесплатен електронски пристап до објавените уредби со законска сила на веб-страницата на Службен весник (ДПЛ)

Граѓаните ќе имаат бесплатен електронски пристап до објавените уредби со законска сила во „Службен весник на Република Северна Македонија” за време на вонредната состојба, информираат од ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.

– ЈП Службен весник на РСМ ја информира јавноста дека за време на траењето на вонредната состојба, преку својата веб-страница ќе овозможува бесплатен електронски пристап до објавените Уредби со законска сила во „Службен весник на Република Северна Македонија” , се наведува во соопштението од ЈП Службен весник на РСМ.

Најновите прописи од секој број на службениот весник ќе бидат објавени на насловната страница од јавната страна www.slvesnik.com.mk, додека содржината на службениот дел од службениот весник ќе може да се побара во бесплатните изданија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот