Profimedia

Бесната Кејти Холмс се огласи за написите дека Том Круз ѝ дал на Сури милиони долари

Откако медиумите пишуваа за нејзината ќерка Сури Круз и за фондацијата што одамна ѝ ја отворил нејзиниот татко Том Круз, се огласи и Кејти Холмс. Во неделата, на 8 декември, 45-годишната актерка сподели објава на Инстаграм во која јавно прозва на лажни тврдења за наследството на нејзината 18-годишна ќерка Сури.

Актерката Кејти Холмс не штедеше зборови на сметка на британскиот портал Дејли мејл, кој објави дека нејзината единица Сури Круз, од моментот кога стана полнолетна, конечно може да „ужива“ во милионите што се заштедени во доверителниот фонд, кој во нејзино име пред многу години го отворил нејзиниот татко, Том Круз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Holmes (@katieholmes)

„Целосно неточно“, напиша таа преку скриншот од текстот објавен на порталот Дејли мејл во кој е објавено дека „Сури Круз е милионерка“ и дека „Фондацијата на Том Круз „проработела“. Покрај тоа, во текстот се наведува и дека и самата Кејти Холмс обезбедила паричен фонд за нејзината ќерка.

„Дејли мејл, престани да измислуваш приказни“, порача јавно бесната Кејти Холмс.

Да потсетиме, во текстот што го објави Дејли мејл, се наведува дека „Фондацијата е дел од спогодбата за развод меѓу Круз и Холмс. Нејзе ѝ беше дозволен пристап до одредена сума пари кога наполни 18 години во април, додека со остатокот ќе може да располага кога ќе наполни триесет години“.

Profimedia

Исто така, Дејли мејл објави и дека Кејти основала сопствен фонд за нејзиното единствено дете: „Кејти се грижи за својата ќерка. Сака да биде добро згрижена и да има одличен квалитет на живот“.

На безбројните коментари под нејзината објава актерката одговори дека смета дека е важно да ја брани својата ќерка.

„Во денешниот свет, не сакам мета на грбот на моето дете“, рече Кејти и додаде: „Опасно е“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот