Ќерката на Том Круз, Сури, наполни 18 години и преку ноќ стана милионерка

Profimedia

Откако во април оваа година наполни 18 години, Сури Круз преку ноќ стана богата млада дама.

Иако не учествува активно во нејзиниот живот, холивудскиот актер Том Круз со години инвестира во фонд за својата ќерка Сури Круз, кој сега таа конечно може да го искористи.

„Фондацијата е дел од спогодбата за развод меѓу Круз и Холмс. Нејзе и беше дозволен пристап до одредена сума пари кога наполни 18 години во април, додека со остатокот ќе може да располага кога ќе наполни триесет години“, открил близок извор за британскиот Дејли мејл, додавајќи дека фондот бил внимателно конструиран за Сури да не ги добие сите пари наеднаш и да стане„преоптоварена“ поради толку големата сума.

Profimedia

Исто така, Дејли мејл дозна дека Кејти основала сопствен фонд за нејзиното единствено дете: „Кејти се грижи за својата ќерка. Таа сака да биде добро згрижена и да има одличен квалитет на живот“.

Круз, исто така, се согласил да и плаќа на Холмс алиментација од 400.000 долари годишно или околу 33.000 долари месечно, додека Сури не наполни 18 години.

Исто така тој се согласил да ги плати сите здравствени трошоци на Сури, како и осигурување, образование, факултет и воннаставни трошоци.

Како што објави Дејли мејл претходно оваа година, Том на Сури и платил 65.000 долари годишни трошоци за школување на Универзитетот „Карнеги Мелон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот