Беше најдобриот скротувач на лавови и бели тигри: Славниот магионичар почина од коронавирусот!

профимедиа

Тој едноставно ги обожаваше животните, но и адреналинот…

Рој Уве Лудвиг Хорн (75), славниот магионичар, почина од компликации предизвикани од коронавирусот.

Тој на 28 април објави дека е позитивен на корона. Недолго потоа ја загуби битката со вирусот.

Неговиот долгогодишен соработник Зигфрид Фишбахер (80), со кој го создаде легендарното шоу Зигфрид и Рој, изјави: „Светот на магијата го изгуби најдобриот, а јас го изгубив најдобриот пријател“.

профимедиа

Тој уште од детството ги сакал сите животни, а стана славен како скротувач на лавови и бели тигри со кои настапуваше во Лас Вегас.

Кариерата ја заврши во 2003 година, кога за време на еден настап беше нападнат од бел тигар, кој тешко го повреди.

Од загубата на крвта и мозочниот удар кој во таа прилика ги доживеа, тој никогаш не се опорави целосно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот