Беше една од најпосакуваните актерки во Холивуд, а по турбулентниот брак со Стивен Сегал стана непрепознатлива! (ФОТО)

профимедиа

Кели Ли Брук, американската актерка во пензија, славата ја стекна како модел, па потоа стана една од најпосакуваните жени во 80-те години на Холивуд, благодарение на улогите во филмовите „Women in Red“ и „Weird Science“.

профимедиа

Актерката денес има 60 години и ретко се појавува на црвениот тепих и јавните случувања. Меѓутоа, кога ќе се појави првото нешто што го приметуваат присутните е нејзиното непрепознатливо лице, кое има подлегнато на голем број естетски зафати и операции. На изгледот влијаеле и болестите од зависноста поради кои актерката можеше да го загуби животот.

профимедиа

Кели на 16 години започнала да работи како модел, а на 19 години завршила на насловната страница на престижното модно списание „Vogue“. Набргу потоа стигнале и првите понуди за филмовите и кариерата на актерката започнала во голем стил.

профимедиа

Брук е позната и по турбулентниот брак со јунакот на бројните акциони филмови, Стивен Сегал, кој траел од 1987 година до 1996 година и со кого има 3 деца.

профимедиа

„Се одлучив да го напуштам Холивуд за да ги одгледам децата далеку од камерата и љубопитните погледи. Не сакав да гледаат, ниту да ги почуствуваат негативните последици од мојот развод. Затоа заминав на планина и живеев во дивина без телевизор цели 24 години“, изјавила во едно интервју актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот