Биљал Касами / Фото: „Фејсбук“

Беса го распушти раководството, Касами доби мандат за спојување на Вреди

Собранието на политичката партија Беса го разреши раководството на партијата, што според партиското соопштение е важен чекор кон спојување на Вреди во еден субјект.

Централното собрание на Движењето Беса вечерва со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на Вреди во еден субјект.

Собранието на Движењето оценило дека треба да се отвори патот за структурирање на Врењди и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат Вреди.

„Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на Вреди, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на Вреди и сите Албанци. На состанокот на Собранието беше дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата. Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега”, објави Билал Касами.

Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата, велат од Беса.

Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за нивна најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип.

Мицкоски ќе менува министри, владини партнери веќе седнаа во премиерското столче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот