Беса 1976 и Кожуф без грешка, Пелистер ремизираше со Детонит Плачковица во 2МФЛ

фото: facebook.com/besa.doberdoll

Се одигра и четвртото коло во Втората македонска фудбалска лига, победничката серија од стартот на сезоната ја продолжуваат екипите на Беса 1976 и Кожуф Гевгелија.

Кожуф славеше на гостувањето кај Арсими со резултат 0:2 со головите на Давков во 31 и Митков во 59 минута.

„Четири од четири“ има и составот на Беса 1976 кој триумфираше со 2:1 над Каменица Саса, за домаќините стрелци беа Арифи и Белули.

Беласица со 0:3 славеше убедливо на гостувањето кај Башкими, гол серијата ја започна Коцев во шестата минута, а во финишот на средбата двапати во листата на стрелците се запиша Стојков во 94 и 96 минута.

Новаци со погодоците на Торнески и Богдановски славеше против Тетекс со 0:2.

Втора македонска фудбалска лига (2МФЛ)

Недела
Четврто коло, резултати –

Арсими – Кожуф Гевгелија 0:2
Башкими – Беласица 0:3
Беса 1976 – Каменица Саса 2:1
Скопје – Караорман 2:1
Охрид – Вардар Неготино 2:3
Пелистер – Детонит Плачковица 0:0
Победа – Осогово 1:0
Тетекс – Новаци 0:2

Табела: Беса 1976 12 бодови, Кожуф Гевгелија 12, Пелистер 10, Детонит Плачковица 10, Башкими 9, Победа 7, Беласица 6, Новаци 6, Охрид 4, Скопје 4, Арсими 3, Караорсман 3, Вардар Неготино 3, Тетекс 3, Каменица Саса 1, Осогово 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот