Бербок и Блинкен се сретнаа пред почетокот на министерскиот состанок на Г7
Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, денеска се сретна со нејзиниот американски колега, Антони Блинкен, во западниот германски град Мунстер, неколку часа пред да започне министерскиот состанок на групата Г7.
Препорачано
Детали од разговорот не се соопштени, но се смета дека е разговарано за прашањата од агендата за состанокот на Г7, вклучително и настаните во Украина.
Првиот ден од дводневниот состанок се очекува да биде фокусиран на помошта за Украина, со оглед на неодамнешните руски напади врз енергетската инфраструктура на земјата.
Покрај Соединетите Американски Држави и Германија како претседавач, водечките економии во Групата седум (Г7) ги вклучуваат и Велика Британија, Канада, Франција, Италија и Јапонија.
По билатераните разговори, Бербок и Блинкен учествуваат на панел-дискусија посветена на прашањето околку иднината на демократијата во дигиталниот свет. Меѓу темите на расправа се и справувањето со намерната употреба лажни вести и дезинформации од страна на Русија.
Домаќин на дискусијата е германско-американскиот форум за иднината, инициран во јули минатата година од американскиот претседател Џо Бајден и тогашната германска канцеларка Ангела Меркел.


