Бензема ја доби наградата за најдобар фудбалер во Европа

Карим Бензема еден од најзаслужните за европската титула на Реал Мадрид/Истанбул, Турција/25 август 2022/Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема ја доби наградата за најдобар играч во европските натпреварувања. Во трката за признанието беа уште Кевин Де Брујне (Манчестер сити) и Тибо Куртоа (Реал Мадрид).

Францускиот фудбалер беше најважниот играч на актуелниот шампион на Европа и Шпанија, беше во одлична форма.

Во својата изјава тој истакна дека е особено горд на тренерот Анчелоти и голманот Куртоа.

– Минатата сезона беше посебна за нас, особено во ЛШ. Градевме самодоверба, што беше клучно во претходната сезона. Бевме добри во финалето, но мораме да му се заблагодариме на нашиот голман за таа игра. Карло Анчелоти е одлична личност и голем професионалец. Тој има исклучителен однос со сите играчи, со сите нас. Тоа е она што беше клучно за успехот на Реал – рече Бензема.

Во женска конкуренција за најдобра фудбалерка е прогласена Алексија Путелас, вторпат по ред.

УЕФА го прогласи Карло Анчелоти за тренер на годината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот