Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Бени Бланко се најде на листата на најсекси мажи во светот, луѓето се збунети

Магазинот „Пипл“ доцна вечерва по локално време или утре наутро по средноевропско време, ќе објави кој е најсекси маж на светот за 2024 година. Пред објавувањето на резултатите, тие објавија едиторијал на музичкиот продуцент Бени Бланко и неговите правила „како да се биде секси џентлмен“. Така Бени се најде на листата на најсекси мажи оваа година, а не е исклучено да ја понесе таа титула.

Луѓето беа збунети од фотографиите на „Пипл“ од Бени и социјалните мрежи се полни со коментари на оваа тема. На почетокот многумина мислеа дека се работи за шега, но по сѐ изгледа дека некој е многу сериозен во врска со ова.

Бени Бланко е во врска со Селена Гомез и парот минатата година ја изненади јавноста објавувајќи ја својата врска. Една година потоа, 36-годишниот продуцент и текстописец се најде на листата на „Пипл“ за најсекси мажи. Претходните години титулите ги освојуваа Патрик Демпси и Крис Еванс, а останува да видиме дали Бени или некој друг ќе биде прогласен за најсекси маж оваа година.

Откако „Пипл“ објави фотографии и видео интервју со Бени, луѓето на Твитер беа збунети каде се наоѓа тој на оваа листа.

„Не можам да верувам дека Селена им платила на луѓето за да го именуваат Бени како еден од најсексапилните мажи на светот. Ова е срамно“, „Дали ова е шега? Дали судиите во списанието „Пипл“ се слепи и пристрасни?“, „Сите знаеме дека Селена платила за ова“, коментираат луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот