Белосветки познатиот криминалец Звицер користел лажен македонски пасош, Интерпол го бара во Латинска Америка

Радоје Звицер според оперативните информации на европската полиција, еден од главните снабдувачи на кокаин на Стариот континент.

Безбедносните служби од регионот го лоцирале Радоје Звицер, наводен водач на „Кавачкиот клан“ во една од земјите во Јужна Америка.

Како што дознава „Новости“, тој постојано го менува своето место на живеење, па дури и земјите од овој дел на светот, за да избега од потерата, но полицијата практично му дише во врат.

Информациите се разменуваат дење и ноќе преку националните бироа на Интерпол, бидејќи Србија издаде меѓународна „црвена потерница“ за овој граѓанин на Котор, а во меѓувреме, Црна Гора се вклучи во потрагата по него.

– Тој користи лажни документи за движење низ Латинска Америка, но таму го чуваат и нарко босови – наведува изворот „Новости“.

Според информациите на весникот, тој има фалсификувани документи од Македонија, Хрватска и Украина.

Звицер според оперативните информации на европската полиција, еден од главните снабдувачи на кокаин на Стариот континент.

Истрагата што беше покрената во Србија против криминалната група Вељко Беливук и Марко Миjковиќ дошла до сознание дека тие не се само дел од овој шверцерски ланец, туку дека нивниот водач е токму овој Кавчанин. Тие не само што тргувале со наркотици, туку и по наредба на Звицер убивале ривали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот