Беливук и Миљковиќ во заштитена комуникација ги користеле прекарите Сопрано и Кратос

Фото: Принтскрин

Сопрано и Кратос, од една страна главниот лик од популарната мафијашка серија, а од друга страна персонификацијата на груба сила од грчката митологија, кој секогаш бил покрај Зевс и ги извршувал неговите наредби.

Во вистинскиот живот, според пишувањата на Новости.рс, зад овие прекари се криеле Вељко Беливук и Марко Миљковиќ за време на комуникацијата преку заштитената апликација „Скај“.

Од тоа се заклучува дека Беливук себеси се доживувал како криминален шеф и бог, а Миљковиќ како лик од митологијата, кој без преговор го слуша врховниот лидер – Зевс. Во оваа хиерархија, сосема е можно, според оваа логика, Беливук и Радоје Звицер да претставувале негов авторитет.

Во снимката, која српските медиуми ја објавија минатата недела, на која се слуша како го намамиле Лазар Вукичевиќ да дојде на одредено место за да го киднапираат и убијат, изговорени се двата прекари – и Сопрано и Кратос. Покрај тоа, се појавува и шифрираното име „Вепар“, но тоа го користи, наводно, Вукичевиќ, исто така во заштитената комуникација преку „Скај“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот