Белистојаноски: Да ги оживееме домашните карате турнири кои ги немаме од почетокот на пандемијата

карате
Нови успеси на македонското карате на меѓународните натпреварувања/Фото: kfm.com.mk

Македонското карате се очекува да продолжи по успешен пат, со нови значајни успеси на меѓународната сцена, резултати кои треба да се вреднуваат.

Како што објавија од нашата карате федерација, во изминатата 2021 година и покрај потешкотиите за реазицација на програмата поради пандемијата со корона вирусот ковид-19, истата претставува една од најуспешните во нејзината историја.

За потсетување за првпат каратето беше присутно на Летните олимписките игри во Токио, на кое Пулексенија Јованоска го освои деветтото место. На Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 Столе Смилковски освои сребро во катеријата У21, Стефан Стојановиќ освои јуниорско злато, Матеј Белистојаноски бронза за јуниори, а Андреј Басаров сребро за кадети. Секако најголем успех претставува историскиот резултат, сребрениот медал на Емил Павлов освоено на Светското првенство за сениори до Дубаи. На истиот настан имавме одлично преставување и од нашиот надежен каташ Александар Неделковски со освоеното седмо место како и на кумите тимот кој исто така се врати со освоено седмо место.

На годишното собрание на федерацијата, кое воедно беше и изборно, се спроведе и тајно гласање за избор на нов претседател на федерацијата. По пребројувањето на гласачките ливчкиња со огромно мнозинство на гласови од делегатите се избра Петар Белистојаноски да биде претседател на федерацијата во наредните четири години.

петар белистојаноски
Новиот претседател на Карате федерацијата на Македонија, Петар Белистојаноски/Фото: kfm.com.mk

Што може да се очекува во следниот период од вашето раководење за доброто на македонското карате, кои се амбициите за годинава, и плановите за овој спорт да го одржува континуитетот на одлични резултати на меѓународната сцена?

– Со тимот што го имам до себе кој е склоп на младост и искуство во план е да се реализира целосната програма која што ја имавме зацртано, а се однесува во квалитетно организирање на домашната програма како и успешни настапи на меѓународните првенство со задржување на континуитет на високи резултати. Во план е и покрај настанатата ситуација да ги оживееме домашните турнири кои ги немаме од почетокот на пандемијата, а од каде што ќе се црпат младите таленти. Оваа година се очекува добри настапи освојување на медали од Европските Првенства за сениори како и Европското и Светско за кадети, јуниори, У21 – ни изјави Белистојаноски.

Верувате ли дека може каратето да направи чекор напред, тргнувајќи од потребните услови и тренинзи кои им се неопходни на натпреварувачите во своите клубови?

– Се планира почести собири на сите селекции, како и соработка со повеќе други селекции. На помалите клубови се планира да им се помогне со присуство во нивниот тренажен процес на врвни и успешни спортисти и селектори, како и присуство на семинари, подготовки и првенства – рече претседателот на македонската карате федерација.

Фото: kfm.com.mk

Новиот претседател Петар Белистојаноски, се заблагодари на укажаната доверба и на кратко го претстави своето видување и начин на функционирање на федерацијата по што предложи и своја листа на членови на извршен одбор во состав:
1. Петар Белистојаноски –  претседател
2. Бошко Заборски – член
3. Кристијан Младеновски – член
4. Бесник Мурати – член
5. Алим Хајредини – член
6. Ивана Аврамова – член
7. Дејан Чолески – член
8. Мартин Несторовски – член
9. Арлинд Хусеини – член

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот