Белинда Бенчиќ го освои златниот медал на тенискиот турнир

EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Швајцарската тенисерка Белинда Бенчиќ го освои златниот медал на женскиот олимписки турнур во Токио. Швајцарката во финалето на победи чешката тенисерка Маркета Вондрушова со 7:5,2:6,6:3 за два часа и 28 минути игра.

Бенчиќ одлично го започна мечот и на стартот поведе со 2:0, но следеше одговор на 42. тенисерка на ВТА ранг листата која два пати по ред го одзеде сервисот на противничката. Бенчиќ успеа да најде сили да направи нов брејк и да израмни на 3:3, а потоа во завршницата од сетот уште еднаш да го одзеде сервисот на Вондрушова за 7:5.

Во вториот сет, Вондрушова беше многу подобра на „Ариаке“ тенискиот комплекс, направи два брејка и со убедливи 6:2 го освои сетот.
Одлучувачкиот сет беше исполнет со брејкови, од вкупно девет гема тенисерките дури пет пати го загубија својот сервис. Бенчиќ три пати го одзеде сервисот на противничката и на крајот триумфира со 6:3 што значеше конечен триумф и освојување на златен медал.
Во мечот за бронзениот медал, Елена Свитолина со 2:1 во сетови (1:6,7:6,6:4) ја победи Елена Рибакина од Казахстан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот