Ќациленд / Фото: Принтскрин

Белград: Маж избоден со нож во „Ќациленд“

Во шаторската населба „Ќациленд“ на платото пред Народното собрание во Белград, рано утрово се случи инцидент во кој еден маж беше нападнат со нож. Припадниците на итната полиција реагираа брзо и го уапсија 27-годишниот Д.П. осомничен за нападот, објави Н1.

Според Министерството за внатрешни работи, нападот се случил околу 4:10 часот наутро, кога осомничениот го избодел 37-годишниот учесник на протестот во горниот дел од бутот. Повредениот мажс е лекува во болница.

„Припадниците на итните служби на Министерството за внатрешни работи, ангажирани во обезбедувањето на јавен собир на платото пред Народното собрание, го уапсија Д.П. (27) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело лесна телесна повреда“, се вели во официјалното соопштение.

На напаѓачот му е одредена мерка притвор до 48 часа. По истекот на тој рок, тој ќе биде донесен во Првото основно јавно обвинителство во Белград за понатамошна постапка, заедно со кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот