Белгијците се пишманија, Бриж сепак не е шампион

twitter/Club Brugge KV

Белгиската Жупилер лига денеска ја поништи одлуката која ја донесе на 25 март според која го прекина првенството поради пандемијата на коронавирусот и го прогласи Бриж за шампион.

Жупилер лигата и белгиските екипи идниот понеделник ќе имаат состанок на кој и официјално ќе биде поништена одлуката Бриж да биде шампион и ќе бараат начин како да го доиграат првенството.

УЕФА се противеше на ваквата одлука на белгиската Жупилер лига и им се закани не само на нив туку и на останите федерации кои имаа идентични намери со исфрлање од европските купови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот