Фото: EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Белгиецот Маруан Фелаини објави крај на кариерата

Белгиецот Маруан Фелаини ја завршува својата играчка кариера по 18 години во професионалниот фудбал.

Во последните четири години Фелаини го носеше дресот на кинескиот Шандонг Тајшан кој ќе биде неговиот последен клуб.

„Со оваа објава сакам да се заблагодарам на сите и да кажам дека ја завршувам мојата успешна 18-годишна фудбалска кариера. Патувањето беше навистина неверојатно“, објави помеѓу другото поранешниот белгиски репрезентативец на својот Инстаграм профил.

Фелаини кој има 36 години зад себе има блескава кариера во која го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и Евертон, а започна во белгискиот Стандард Лиеж. Дресот на Евертон го носеше на 141 натпревар и постигна 25 голови, додека за Манчестер Јунајтед постигна 18 голови на 87 натпревари.

Со Манчестер Јунајтед имаше најголем успех на клупски план бидејќи освои четири трофеи (Лигата на Европа, ФА Купот, Лига Купот и Комјунити Шилд).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marouane Fellaini (@fellaini)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот