Белата куќа се надева на брз избор на спикер на Претставничкиот дом

Администрацијата на претседателот Џо Бајден располага со доволно средства за финансирање на помошта за Украина за подршка на офанзивата на Киев и да не се направи прекин во снабдувањето за што потребна е помош од Конгресот, изјави синоќа Џон Кирби, официјален претставник за национална безбедност во Белата куќа.

Мала група тврдокорни републиканци во Претставничкиот дом се противат на испораките на воената помош и спречената блокада на финансирањето на американската влада, што вклучува и помош за Украина, беше причина за разрешувањето на нивниот лидер, спикерот Кевин Мекарти.

Ова ги втурна републиканците во Конгресот во политичка криза. Додека Белата куќа порача брз избор на нов спикер на долниот дом на американскиот Конгрес.

„Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека под никакви околности не смееме да дозволиме прекин во подршката на Америка за Украина“ изјави Кирби.

Тој рече дека рокот на истекување на тековните финансии за Украина е „околу два месеца и нешто“.

Исто како и претседателот Бајден, и тој ја критикуваше малата група републиканци во Претставничкиот дом кои иницираа блокада на финансиите за Украина, истакнувајќи дека мнозинство од републиканците во Конгресот го подржуваат Киев.

„Таков прекин во подршката ќе направи (рускиот претседател Владимир) Путин да поверува дека тој може да не исчека и може да продложи со тој конфликт до тогаш додека ние и нашите сојузници и партнери не се предадеме“, изјави Кирби.

Според него, ова може да му донесе победа на Путин.

Можната блокада на владата и пресвртот со изгласување на привремен буџет до 15 ноември е причината зошто спикерот на долниот дом синоќа беше разрешен од финкцијата, процес инициран токму од таа мала група тврдокорни републиканци кои се противат на помошта на Украина.

За разрешувањето гласаа и сите демократски претставници.

По овој повод, од Белата куќа изјавија дека се надеваат на брз избор на нов спикер.

„Американскиот народ заслужува лидери кои мислат на прашања што се животно важни за Американците. Претседателот Бајден повеќекратно демонстрираше спремност за работа со двете партии во Конгресот од име на американскиот народ. Неодложните проблеми исправени пред нашата земја не можат да чекаат, претседателот се надева дека Претставничкиот дом ќе избере спикер мошне брзо“ изјави Жан Пјер Карин, портпарол на Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот