Белата куќа негира дека Трамп размислува да го отпушти директорот на ФБИ
Белата куќа во вторник негираше дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го отпушти директорот на ФБИ, Кеш Пател.
Препорачано
„Оваа приказна е целосно измислена“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на својот профил X.
Таа рече дека кога се проширила веста дека Трамп размислува да го отпушти Пател, Трамп бил во Овалната соба на состанок со неговиот тим за спроведување на законот, вклучувајќи го и Пател.
„Му го прочитав насловот на претседателот и тој се насмеа. Тој рече: „Што? Тоа е целосно лажно“.
Кеш, ајде да се сликаме и да покажеме дека одлично ја вршиш работата“, напиша Ливит, објавувајќи фотографија од Трамп и Пател како позираат пред копија од Декларацијата за независност во Овалната соба.
https://www.slobodenpecat.mk/tramp-razmisluva-za-smena-na-shefot-na-fbi-kesh-patel/
Претходно, Ем-ен Нау (поранешно Ем-си-ен-би-си) објави дека Трамп размислува да го отпушти Пател затоа што тој и неговите најблиски соработници наводно биле сè повеќе незадоволни од негативните медиумски наслови што ги генерирал Пател, пренесува Танјуг.
Повикувајќи се на неименувани извори, „Ем-ес Нау“ објави дека Пател е на „тенок мраз“ и дека неговото заминување изгледа сè поизвесно, а за негов наследник се смета високиот функционер на ФБИ, Ендру Бејли.


