Белата куќа ги отстрани портретите на Клинтон и Буш од видливо место: Префрлени се во стара трпезарија

Фото: Профимедиа

Официјалните портрети на двајцата поранешни претседатели на САД, Бил Клинтон и Џорџ В.Буш, во претходните десетина дена се отстраните од големото предворје во Белата куќа и заменети со портрети на двајцата републикански претседатели кои ја вршеа таа должност пред повеќе од едно столетие.

Традиција е во Белата куќа портретите на последните претседатели да стојат на најистакнатите места на влезот во седиштето на американскиот претседател каде се очекуваат странките, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Портретите се преместени воочи доаѓањето на мексиканскиот претседаел, но никогаш не се вратени

Кога Доналд Трамп на 8 јули го пречека мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопе зОбрадор, портретите се уште се наоѓаа во предворјето. Но, потоа тие се префрлени во ретко користена мала стара семејна трпезарија.

Во предворјето портретите биле видливи секојдневно додека Трамп се симнувал по скалилата од приватната резиденција, или кога бил домаќин на официјални настани во Белата куќа.

Сега тие се наоѓаат во собата која служи како депонија за неупотреблив мебел.

Наместо Буш сега е изложен портретот на 25. претседател Вилијам Мекинли, убиен во 1901 година, а Клинтон е заменет со Теодор Рузвелт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот