7 C
Скопје

Бела Торн застана во одбрана на својот колега: Нема шанси тој да е канибал

Актерката Бела Торн застана во одбрана на својот колега Арми Хамер, кој периодов се соочува со обвиненија за бизарни сексуални фантазии и канибализам.

Имено, Бела на својот инстаграм-профил сподели фотографија од него покрај која напиша дека станува збор за ширење лажни информации.

ФОТО | Холивудскиот актер во центар на скандал: Се појавија негови експлицитни пораки за сексуален канибализам

Искрено, не можам да верувам во ова… Луѓето се луди и го лажираат ова. Жал ми е за него и неговите деца… Оставете ги него и неговото семејство на мир. Нема шанси тој да е е*ен канибал“, напиша 23-годишната актерка, која воедно истакна дека на Интернет кружат милиони „принтскрин“ слики од екран.

Прочитајте и...  ФОТО | Беше една од најубавите на која ѝ се восхитуваа и мажите и жените: Славната манекенка денес не личи на себе и ретко се појавува во јавноста
Instagram
Instagram

Поранешната девојка на актерот, Кортни Вуцековиќ, неодамна откри дека додека била во врска со актерот, тој ѝ рекол дека сака да ја „испече“ и „изеде“.

Хамер своите „груби“ сексуални преференции ги објави во интерјву за „Плејбој“ во 2013 година.

Ми се допаѓа гребање по вратот и косата и сето тоа. Но, тогаш влегувате во брак и вашите сексуални апетити се менуваат. Мислам, не можете да ја влечете вашата сопруга за коса“, изјави тој, но подоцна тврдеше дека бил пијан за време на интервјуто и дека не се сеќава на ништо.

Instagram
Instagram

Хамер поради сегашниот скандал го паузираше и снимањето на филмот со Џенифер Лопез и се повлече од јавноста.

Во очи на злобните и лажни напади врз мене, не можам со мирна совест сега да ги оставам моите деца на четири месеци за да снимам филм во Доминиканска Република. Лајонсгејт ме поддржува во ова и навистина сум им благодарен“, изјави актерот за „Пејџ Сикс“.

Прочитајте и...  Британската полиција нема да покрене истрага за шокантното интервју на принцезата Дајана од 1995 година

Поврзани вести

Кои се најголемите опсесии на хороскопските знаци: Јарецот е опседнат со себеси, а Ракот копнее по успех!

Слободен печат

Хелен Мирен ќе ја напише светската порака по повод Светскиот ден на театарот

Слободен печат

Деми Ловато: Случајно ослабев, мирна сум

Слободен печат

Експерт го анализираше говорот на телото на Меган во интервјуто: Според заклучокот, кралскиот дворец има од што да се плаши!

Слободен печат

Лејди Гага ќе плати 70 илјади фунти за соодветен третман на нејзиниот ранет чувар

Слободен печат

ФОТО | Беше една од најубавите на која ѝ се восхитуваа и мажите и жените: Славната манекенка денес не личи на себе и ретко се појавува во јавноста

Слободен печат

Остави Коментар