Бектеши и Шаќири на средба со студенти од државните универзитети за новиот пакет антикризни мерки

Министрите за економија и за образование и наука, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири, денеска во Министерството за економија ќе имаат состанок со претставници на студентските собранија од неколку државни универзитети во врска со деветтиот пакет антикризни мерки.

Со новиот пакет антикризни мерки, кој Владата го презентираше на 28 ноември, над 120 илјади ученици и студенти ќе добиваат месечен паричен надомест до крајот на тековната учебна, односно академска година.

-Околу 105 илјади ученици од основните и средните училишта кои потекнуваат од семејства со ниски месечни примања до 50 илјади денари, секој месец во наредните шест, ќе добиваат финансиски надоместок во износ од 1.200, односно 1.800 денари. Додека, над 15 илјади студенти кои студираат надвор од нивното место на живеење, во следните седум месеци, додека трае академската година, ќе добиваат ваучери за превоз, односно надоместок во износ од 600 до 1.200 денари во зависност од пресметаните трошоци за превозот. Тоа е поддршка за нив и нивните семејства во услови на зголемени трошоци за живот и продолжени ефекти од енергетската криза, информираше Министерството за образование и наука ден по објавувањето на пакетот.

Тој содржи 26 антикризни мерки за поддршка на граѓаните и неговата вкупна вредност е 662 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот