Јетон Беќири/kfshkendija.com

Беќири: Верувам дека можеме до позитивен резултат против Јагелонија

В четврток (6 ноември) од 21.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, фудбалерите на Шкендија ќе го играат својот трет натпревар од Конференциската лига против Јагелонија од Полска.

Досега во лигашката фаза по две кола Јагелонија е на 10 позиција со четири бодови, додека Шкендија е на 20 позиција со три.

Своите амбиции за утрешниот натпревар ги споделија тренерот на Шкендија Јетон Беќири и фудбалерот на тетовската екипа, Арбин Зејнулаи.

Го анализиравме противникот, зборуваме за екипа која е многу квалитетна, екипа која е доминантна во полското првенство, многу силно и многу физичко првенство. Иако претрпеа порази во последните два натпревари, зборуваме за противник кој мораме многу да го почитуваме и ќе го почитуваме, но обично во Скопје прикажуваме добри натпревари, и во првенството и во Европа. Се надевам дека со максимална посветеност на играчите, почитување на противникот, иако според мене тие ја имаат улогата на фаворит на хартија, верувам дека можеме да излеземе со позитивен резултат на крајот од натпреварот – се зборовите на Беќири.

Зејнулаи вели дека атмосферата е многу добра пред новиот европски предизвик:

Привилегија за сите нас да ја претставуваме Шкендија и себеси во главната фаза од Конференциската лига. Повеќе или помалку го знаеме противникот, бидејќи ги анализиравме овие денови. Тие се силен тим, тие се физички тим и мораме да им вратиме со многу трка, од каде на крајот верувам дека ќе излеземе со позитивен резултат – кажа Зејнулаи на прес-конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот