Беќаровски: Толку доктори во советничките листи, барем нека воведат и консултативен преглед за граѓаните

Доктор Нико Беќаровски/ Фото: Архива на Слободен печат

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски со најновиот пост на неговиот Фејсбук-профил даде предлог до сите негови колеги доктори кои се на советничките листи.

„Со толку многу мои колеги доктори во сите советнички листи, во секој општински совет ќе може да направите мини општинска поликлиника.

Барем воведете и ден кога во општинските згради ќе има бесплатен консултативен преглед за граѓаните од Општината.

Да имаат некаков бенефит и тие, напиша д-р Беќаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот