Бекам и Кантона: Фудбалот е во опасност, не ги прашаа навивачите!
Легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам и Ерик Кантона, зборуваа по повод најавата за формирање на Европската Суперлига, проценувајќи дека ова натпреварување ги игнорира ставовите на навивачите и дека тоа може да ги загрози оригиналните фудбалски вредности.
Бекам, кој играше за три од 12-те потврдени екипи во Суперлигата, Јунајтед, Реал Мадрид и Милан – на својот Инстаграм профил напиша дека „играта која ја сакаме е во опасност“.
– Јас сум некој кој го сака фудбалот, тој е мојот живот од кога можам да се сетам. Како играч, а сега и како сопственик, знам дека нашиот спорт не е ништо без навивачи. Потребен ни е фудбал за сите. Фудбалот треба да биде фер и ни требаат натпреварувања базирани на достигнувања. Доколку не ги заштитиме овие вредности, играта што ја сакаме е во опасност – се зборовите на Бекам.
View this post on Instagram
Против Суперлигата гласаше и навивачката организација на Манчестер јунајтед. Група од 12 европски клуба, вклучително и Јунајтед, објавија во неделата дека ќе започнат независно натпреварување, предизвикувајќи негодување во спортскиот свет, но и пошироко.
Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“, Ерик Кантона, изјави дека треба да се земат предвид ставовите на навивачите.
– Навивачите се најважни, тие треба да бидат почитувани. Дали овие големи клубови ги прашаа своите навивачи што мислат за оваа идеја? Не, и тоа е срамота – рече Кантона на видеото објавено на Инстаграм.
View this post on Instagram