Бејтулаи: Искуството е на наша страна, Мура е пречка која можеме да ја прескокнеме

Шкендија како македонски фудбалски шампион утре (вторник) ќе започне нова европска авантура, со почеток од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против Мура од Словенија.

Своите очекувања во пресрет на првите 90 минути ги споделија тренерот тетовските „црвено-црни“, Ернест Ѓока и одбранбениот играч Егзон Бејтулаи.

– Состојбата е одлична во нашите редови, се подготвувавме добро во изминатиот период за овој предизвик. Играчите се спремни за двомечот со Мура, и противникот има свој квалитет, но мислам дека можеме да се надеваме на успешен европски старт – изјави Ѓока.

Македонскиот репрезентативец Бејтулаи вели дека долго време е во Шкендија и сака со овој тим да дојде до групната фаза.

– Ќе работиме на тоа за да дојдеме до остварување на целта, а тоа е пласман во групната фаза. Екипата на Мура ја анализиравме добро, има добар тим, мислам дека можеме да ја прескокнеме оваа пречка. А за да ја поминеме потребна е колективна игра во овој двомеч, искуството е наша страна, но нема да ни биде лесно, доколку не го дадеме максимумот. Мора да дадеме сè од себе и се надеваме дека на крајот ќе оствариме позитивен резултат и ќе ги израдуваме нашите навивачи – вели Бејтулаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот