„Бејби бум“ по завршување на пандемијата со коронавирусот? Историјата вели спротивно

Заради големиот број на луѓе во изолација, како најефикасна мерка на сузбивање на ширењето на коронавирусот во овој момент, се постави прашањето дали ќе има бејби бум откако се ова пројде.

Иако доста истражувања иницијално сугерираат дека таков резултат би бил логичен, специјалистот за заразни болести и доцент на Отсекот за медицина на Универзитетот „Јејл“, Џејми Мејер, смета дека историјата го покажала сосема спротивното.

Тој вели дека изучувал како слични пандемии влијаеле на стапката на наталитет и резултатите не се ветувачки.

„Епидемиолошките податоци од претходни кризни ситуации предизвикани од пандемии, земјотреси, чуми, ебола и глад, сугерираат дека за време на катастрофални состојби кои резултираат со голем број смртни случаи низ светот по завршување на кризата, наталитетот во следните девет месеци паѓа“, објаснува докторот Мејер и додава:

„Сепак, 10 до 11 месеци по завршувањето на трауматичните случувања, стапката на наталитетот повторно доаѓа во нормала“.

Прочитајте и...  Долго време ја немаше во јавноста - Ќерката на Жељко Јоксимовиќ порасна во вистинска убавица (ФОТО)

Ваков пад во стапката на наталитет е забележан уште од пандемијата на грипот од 1889 година, а едно научно истражување кое се занимавало со проучување на односот на стапките на морталитет и наталитет за време на криза утврдило дека катастрофите од кој било вид носат до помала стапка на родени деца. Конкретно, разорниот земјотрес во Токио во 1923 година, рушењето на кулите во Њујорк во 2001 година и пандемијата на грипот во 1918 година се заслужни за најголемиот пад на стапката на наталитет во 20 век.

Поновите информации велат дека растот на стапката на наталитет денеска се враќа во нормала меѓу 10 и 11 месеци од катастрофалните појави од што некои психолози вадат заклучок дека на луѓето по правило им се потребни околу десет месеци ментално да пребродат таков настан и да продолжат со животот и репродукцијата.

Прочитајте и...  ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА со Бисера Бендевска и нејзините предлози за книги за деца

„Ако размислувате за тоа да забремените за време на пандемија предизвикана од коронавирусот, морате да бидете свесни дека може да ви бидат скратени одредени здравствени услуги поврзани со следење на бременоста“, напоменува доктор Мејер. Иако сè уште нема потврдени случаи на пренесување на вирусот од трудницата на новороденото дете и сегашните истражувања сугерираат дека тоа не се случува, не е исклучено заболувањето од вирусот за време на првото тромесечие да носи одреден ризик на дефекти кај плодот“, пренесува Индекс.хр.

„За овој временски период со исклучителен стрес, можеби е и примамливо да се романтизира приказната за „бејби бум“ за да добиеме малку надеж, но тоа што е моментално најважно е да се чувате себеси и своите блиски“, заклучува Мејер.

Прочитајте и...  Како изгледа кога полицијата интервенира во проблематичните делови на Париз (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Јелена Карлеуша танцуваше провокативно, па ги предизвика следните колешки… (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Љубов, кариера и здравје: Погледнете го хороскопот за 29 март!

Васко Спасоски

Анџелина Џоли донираше милиони за храна за децата во Америка!

Слободен Печат

Лекарот на Бен Афлек им покажа средни прсти на папараците! (ФОТО)

Слободен Печат

Почина Игор Спасов: Водителот на култната емисија е пронајден мртов во својот стан во Нов Белград!

Слободен Печат

Проповедник позитивен на коронавирус посетил 15 села во Индија, засега непознато колку луѓе заразил (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Украден пиштолот од легендарните серијали за „Џејмс Бонд“!

Слободен Печат

Како изгледа кога полицијата интервенира во проблематичните делови на Париз (ВИДЕО)

Слободен печат

Долго време ја немаше во јавноста – Ќерката на Жељко Јоксимовиќ порасна во вистинска убавица (ФОТО)

Слободен печат

Ваква фотка никој не очекуваше од неа: И Андријана Јаневска знае да биде секси! (ФОТО)

Васко Спасоски

Пинк се напи во изолација, па ја скрати косата: Пејачката се кае за својата фризура (ВИДЕО)

Слободен Печат

Неколку работи кои ќе ги сфатите дури откако ќе станете родители

Слободен печат