Академик Абдулменаф Беџети / Фото: ТВ 21

Беџети: Втора година по ред Фискалниот совет не се прашува за мислење околу државниот буџет

Академик Абдулменаф Беџети, претседател на Фискалниот совет, во емисијата „Бизнис 21“ вечерва рече дека втора година по ред, Владата не го консултира Фискалниот совет околу предлог-буџетот на државата, иако ѝ е законска обврска да побара мислење од ова тело.

Според Беџети, Советот не бил навремено известен од страна на Министерството за финансии да подготви мислење во однос на буџетот за 2026 година.

„Мислењето за буџетот треба да биде приложено од Фискалниот совет, но ова е втора година по ред да не се известува Советот да изготви мислење во однос на предлог-буџетот пред да биде усвоен од Владата. Ние после реагираме, и затоа се мисли дека Фискалниот совет е формиран од Собранието, и од тука и лани и оваа година мислењето ќе биде доставено до Комисијата за финансирање и буџет, и за следните 4-5 дена ќе биде подготвено мислењето“, вели Беџети.

Беџети нагласи дека станува збор за процедурален пропуст и дека имал разговор со министерката за финансии во врска со буџетските проекции и идната соработка меѓу Министерството и Фискалниот совет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот