Бебиња веќе неколку години се оставаат на една иста локација на Флорида: Со ДНК тест утврдено дека тие имаат исти родители

Илустративна фотографија / СП. архива

Три бебиња напуштени се во три различни ситуациии во ист комплекс на згради во Орландо на Флорида. Подоцна со направените ДНК тестови е утврдено дека сите три бебиња имаат исти биолошки родители.

Полицијата во Орландо во вторникот потврди дека трите бебиња најдени во 2016, 2017 и 2019 година имаат иста мајка и татко, пренесува Индепендент.

Детективката Васерман Лукер изјави дека начинот на кој сите три деца се оставени во луксузниот комплекс ја натерало полицијата да помисли дека случаите се поврзани.

– Пораката најдена на лице место објаснува дека бебето е оставено на таа локација бидејќи мајката стравувала од таткото на детето – наведе Лукер околу случајот од 2019 година. Слична порака е оставена и во 2017 година.

Полицијата во Орландо потврди дека се работи за бебиња кои се во крвно сродство, но други детали не се познати.

– Доколку бидеме во можност да ја идентификуваме мајката, нејзината безбедност е наш приоритет, како и безбедноста на другите потенцијални деца – се наведува во соопштението на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот