Беби Дол видена како јаде во народна кујна: Беше најголема ју-ѕвезда, сега западната во финансиски проблеми

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српската пејачка Беби Дол (со вистинско име Драгана Тодоровиќ (60)), долго време ја нема во јавноста, а едно од последните нејзини појавувања во медиумите беше во емисијата „Сценирања“ на телевизија „Курир“ пред две години. Оттогаш многумина се прашуваат каде е и со што се занимава една од најголемите поп-ѕвезда на поранешна Југославија, пишува српски „Курир“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebi Dol (@__bebidol_)


Иако се шпекулираше дека Беби ќе учествува во реалното шоу „Задруга 6“, тоа не се случи, а приказните кои веќе подолго време кружат низ естрадните кулоари, дека пејачката е во тешка финансиска ситуација, би можеле да ги потврди фактот дека Беби наводно неодамна бил видена како зема храна во народна кујна во Белград. По овие иформации, српски „Курир“ стапил во контакт со еден од волонтерите кој работи во таа народна кујна. Тој рекол дека пејачката ја видел неколкупати како зема оброк.

– Беби два-три пати дојде да земе храна. Не сум сигурен дали таа го земала оброкот за себе или за некој друг, бидејќи има случаи кога некој зема храна за некој што не може да дојде. Многу се променила физички. Многу ослабела, се чинеше како едвај да стои на нозе. Ја препознав по косата и по специфичниот глас. Навистина тоа изгледа тажно – рекол волонтерот во народната кујна за „Курир“.

Неколку пријатели на пејачката, за „Курир“ рекле дека веќе некое време не знаат ништо за неа, како и дека не се запознаени со фактот дека пејачката е во толку лоша финансиска состојба за да мора да се храни во народната кујна.

– Загрижени сме за Беби. Доста пропадна, семејните проблеми околу болеста на нејзината мајка и тетка оставија длабока трага на неа. Со неа никој не е во контакт веќе извесно време. Во последно време му се посвети на семејството, тоа и беше приоритет. Многу се грижеше за мајка си Магдалена, која беше тешко болна, а потоа се разболе и нејзината тетка. Сè падна врз неа. Нејзиниот живот стана многу хаотичен. Што се однесува до нејзиниот брак со Алекс, мислам дека сè е во ред таму. Не се пожалила. Како да се збогуваше со музиката. Сега владеат некои трендови во кои таа не се снаоѓа. Се израдувавме кога ни кажа дека подготвува нова музика за Нова година, но како што гледате, ништо од тоа. Се надевам дека сè ќе се реши и дека повторно ќе биде старата Беби – рекол извор за „Курир“.


Да потсетиме, Беби своевремено на нејзино лично инсистирање стана учесник во една емисија, тоа го гледала како единствен спас за финансиските тешкотии со кои тогаш се борела, па стапила во контакт со продуцентите и се понудила како натпреварувач бидејќи парите и биле итно потребни.


Таа и нејзиниот сопруг останале на улица кога нивниот поранешен станодавец во 2018 година ги исфрлил поради неплаќање кирија, па биле принудени да живеат со мајката на пејачката, која во меѓувреме тешко се разболела.

Една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија бега од стан во стан бидејќи нема пари да плати кирија

Една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија бега од стан во стан бидејќи нема пари да плати кирија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот