Баскетџиите на Србија по петти пат се шампиони на Европа

фото: instagram.com/kssrbije/

Баскетџите на Србија (3×3) ја совладаа Литванија во финалето на Европскиот куп со 22:20 и така уште еднаш се искачина на врвот на Стариот континент.

Тимот составен од Страхиња Стојачиќ, Марко Бранковиќ, Немања Бараќ и Стефан Којиќ ѝ ја донесе на Србија петтата последователна титула европски првак.

На почетокот од финалниот дуел српските кошаркари имаа многу пех бидејќи се повреди Бараќ, кој остана во игра, но очигледно имаше големи болки. Тоа го искористија Литванците и на првиот тајм-аут остварија два поени предност (7:5), но актуелните шампиони со три последователни двојки го свртеа резултатот во своја корист, 11:5.

Во следниот период Литванците постигнаа седум врзани поени. До следниот тајм-аут Србија дојде до три поени предност (16:13), а потоа Стојачиќ постигна двојка за пет поени предност (19:14).

При резултат 19:15, Којиќ имаше две слободни фрлања, искористи само едно и го доближи својот тим на чекор до трофејот. Српските баскетџии потоа направија серија грешки, му дозволија на противникот да стигне до израмнување и да атакува на победа.

При резултат 20:20 Србија имаше напад за триумф, кој го искористи Стојачиќ и со тоа им донесе ново злато на српските баскетџии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот