Барселона нема скршено евро во касата, а го сака двоецот од Тотенхем

твитер

Процесот на редизајнирање на екипата треба да продолжи со играчите на англискиот тим, Тангуи Ндомбеле и Рајан Сесењон.

Барселона веќе го направи првиот чекор за новата сезона, го донесе Миралем Пјаниќ од Јувентус, а во спротивна насока го испрати Артур Мело.
Управата сака да ја освежи екипата и да донесе нови фудбалери на кои ќе може да смета долгорочно, но најглем проблем во остварување на целта им се парите.

Пандемијата на коронавирусот, големиот пад на приходите и големите трошоци за плати на играчите ја испразнија касата, тие немаат пари за трансфери и поради тоа ќе се обидат преку размени да направат редизајн на тимот.

Токму поради парите им пропадна трансферот на Лаутаро Мартинез од Интер. Одличниот Аргентинец имаше клаузула во договорот со која до 7 јули секоја заинтересирана екипа мора да плати 111 милиони евра обесштетување, а од денеска повеќе ја нема оваа ставка во договорот, а тоа значи дека Интер ќе бара многу повеќе пари.

Според англиските медиуми, нова цел на Барселона и спортскиот директор Ерик Абидал, е двоецот на Тотенхем, Тангуи Ндомбеле и Рајан Сесењон. Тоа нема да биде нималку лесна задача бидејќи и двајцата играчи имаат договори до 2025 година, а згора на тоа пред себе ќе го има најдобриот и најтешкиот преговарач во фудбалот, Даниел Леви.

Според трансфермаркт, вредноста на Ндомбеле е 52 милиони евра, додека Сесењон е проценет на 31.5 милиони евра.
Абидал во Лондон отпатува со понуда во која има дури четворица фудбалери, Иван Ракитиќ, Фелипе Кутињо, Нелсон Семедо и Самуел Умтити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот