Тренерот на ФК Барселона, Ханси Флик/фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Барселона нема да чека, веднаш ќе го награди Флик за освоената титула

Ханси Флик продолжува да испишува успешна приказна на клупата на Барселона, откако каталонскиот гигант вчера стигна до уште една шампионска титула во Ла Лига.

Откако го презеде тимот во 2024 година како наследник на Чави Ернандез, германскиот стратег за само две сезони освои вкупно пет трофеи и целосно ја врати победничката атмосфера на „Камп Ноу“.

Во раководството на Барселона се презадоволни од неговата работа и веќе подолго време работат на продолжување на соработката. Според информациите на познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, двете страни веќе постигнале договор за нова соработка.

Шпанскиот весник „Спорт“ дополнително наведува дека преговорите се во завршна фаза и официјализацијата би можела да следува веќе во текот на следната недела.

Новите информации доаѓаат по состанокот меѓу спортскиот директор на Барселона, Деко и агентот Пини Захави. Иако главна тема на разговорите била иднината на Роберт Левандовски, се дискутирало и за новиот договор на Флик.

Според најавите, германскиот тренер ќе потпише договор до 2028 година, со можност соработката да биде продолжена и за дополнителна сезона.

ВИДЕО | Барселона е шампион на Шпанија, Рашфорд и Торес го урнаа Реал за делириум на „Камп Ноу“

ВИДЕО | Погледнете ја реакцијата на Луис Енрике кога му го кажаа резултатот од „Ел Класико“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот