Барселона на лето ќе прави ремонт на одбраната
Новата управа на каталонскиот тим од старо-новиот претседател Жоан Лапорта е свесна дека одбраната е најслабиот дел од тимот и поради тоа во летниот преоден рок фокусот ќе биде ставен на засилување на дефанзивната линија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Уште сега е познато дека Самуел Умтити ќе биде продаден откако тоа не и успеа на управата минатото лето. Исто така на трансфер листата ќе биде ставен и Клемен Ленгле кој сезонава имаше неколку киксеви кои ја чинеа Барселона победи.
Сигурни на стоперската позиција кои и следната сезона ќе бидат дел од Барселона се само Жерар Пике и Роналд Араухо.
Засега единствено засилување кое на лето доаѓа на „Камп Ноу“ е Ерик Гарсија од Манчестер сити и кој е дете токму на Барселона.
Лапорта веќе ја започна потрагата по нови засилувања и помош побара од својот пријател Мино Рајола, кој веднаш му предложи на лето да го ангажира Алесио Ромањоли од Милан.
Исто така во игра се уште две имиња, Лисандро Мартиез од Ајакс, а и вториот играч доаѓа од холандската лифа. Станува збор за Маркос Сенеси од Феенорд за кого е заинтересиран и Наполи доколку го продаде Кулибали на лето.


