Барселона и Сити се договорија, ги заменија дефанзивците

Двата клуба се задоволни од размената и го добија тоа што го посакуваат.

Екипата на Барселона ако не може да најде заеднички јазик со италијанските екипи, експресно се договори со Манчестер сити за размена на дефанзивците. Нелсон Семедо од Барселона се сели во Сити, а во спротивен правец доаѓа Жоао Кансело, а задоволни се и двете екипи.

Барселона успеа во своите редови да го донесе играчот кој може да го искористи во евентуалните размени со Интер или Јувентус .

Каталонците ги прекинаа преговорите со двете италијански екипи бидејќи имаа преголеми барања за своите фудбалери, но сега откако го добија Кансело, тие имаат адут во ракавот за нови преговори.

Едната опција е да го испрати Кансело во Торино во замена за Миралем Пјаниќ, а втората е Португалецот да се врати во Интер со одредена сума на пари во замена за Лаутаро Мартинез.

Од друга страна, Барселона ја испочитува желбата на Семедо кој сакаше да замине само во Сити и да работи со Пеп Гвардиола.

Менаџерот на „граѓаните“ летово планира да ја реновира одбраната и да се ослободи од Џош Стоунс и Николас Отаменди и поради тоа Семедо му е повеќе од потребен во тимот за наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот