Барселона и Јувентус не завршија со бизнисот, подготвуваат нова спектакуларна замена

EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Двата тима оваа недела и офцијално направија една размена, Артур Мело се пресели во Торино, додека на „Камп Ноу“ пристигна Миралем Пјаниќ, но се чини дека ова нема да биде последната размена на Барселона и Јувентус.

Според италијанскиот новинар Паоло Паганини, размената на Артур и Пјаниќ е само почеток на соработката на двата тима. Имено, според неговите сознанија Барселона се обидува да се ослободи од Антоан Гризман кој се покажа како вистинско разочарување иако минатото лето беше платен 120 милиони евра.

По понижувањето на средбата со Атлетико Мадрид кога беше внесен во игра во 90. минута, се чини дека неговите денови на „Камп Ноу“ се одбројани и нема да добие втора шанса.

Порати тоа Барселона веќе се обидува да го испрати во Париз заедно со Самуел Умтити во замена за Нејмар, но шпекулациите се дека Гризман не сака да чуе да оди во ПСЖ.

Сега новинарот Паганини тврди дека Барселона и Јувентус започнаа втора рунда на преговори со кои Гризман би се преселил во Италија во замена на Адриен Рабио и Даглас Кошта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот