Барселона го продаде Семедо за 29 милиони фунти, го носи Дест како замена
Нелсон Семедо е најново засилување за англискиот премиерлигаш Вулверхемптон.
Англискиот тим се согласи да плати 29 милиони фунти обесштетување, а десниот бек веднаш потпиша тригодишен договор со опција соработката да се продолжи за дополнителни две години.
Welcome to Wolves, @_nelsonsemedo_!
✍️?
— Wolves (@Wolves) September 23, 2020
Семедо дојде во Вулверхемптон на инсистирање на менаџерот Нуњо Еспирито Санто откако летово Мет Доерти ја напушти екипата и се пресели во Тотенхем.
Семедо е петто засилување за екипата на Вулверхемптон кој доаѓа ова лето по Фабо Силва, Фернандо Маркало, Витор Фереира и Ки-Јан Хувер.
Парите од трансферот на Португалецот, Барселона ќе ги искористи за да го донесе Сержињо Дест од Ајакс.
Иако вчера медиумите во Холандија објавија дека Дест се договори со Баерн Минхен, денеска тврдат дека дојде до пресврт и американскиот репрезентативец сепак во трансфер вреден 20 милиони евра плус пет милиони во бонуси ќе потпише за Барселона.