Барселона ги откачи Жорге Мендеш и Јунајтед за најталентираниот млад фудбалер
Португалскиот супер агент до управата на Барселона достави две понуди тешки 150 милиони евра за двајца играчи, но беше експресно одбиен.
Жорге Мендеш ретко соработува со Барселона, во Шпанија најдобар клиент му е Реал Мадрид, но во последно време се почесто тропа на вратата на каталонскиот клуб, згора на тоа тој го застапува и најталентираниот млад фудбалер, Ансу Фати.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека Манчестер јунајтед достави понуда од 100 милиони евра за Фати, но експресно била одбиена оваа понуда.
Со вклучувањето на Реал Мадрид во трката за потписот со Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, во Јунајтед размислуваат дека шансите за да го донесат англискиот репрезентативец им се минимални и поради тоа се свртеа кон Фати.
И втората понуда на Мендеш е одбиена од страна на каталонскиот клуб. Имено, Португалецот донел понуда од 50 милиони евра од неименуван клуб за играчот кој сè уште не го облекол дресот на Барселона. Станува збнор за Тринкао од Брага кој по завршувањето на сезоната ќе се приклучи на Барселона.


