Барселона договори размена со Атлетико и се ослободи од Гризман

EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Во период од еден час, Барселона е во центарот на вниманието на јавноста со две бомбастични вести, прво Лионел Меси ги договори деталите околу новиот договор, а потоа каталонскиот клуб договори мега размена со Атлетико Мадрид.

Барселона и актуелниот шпански шампион договорија размена, Антоан Гризман се враќа на „Ванда Метрополитано“, додека Саул Нигез пристигнува на „Камп Ноу“. Оваа вест ја потврдија неколку релевантни извори, договорот е постигнат и се чека само претседателот на Барселона, Жоан Лапорта да ја аминува размената.

Ова значи дека Гризман по две години поминати во Барселона се враќа во Атлетико и тоа на големо задоволство на тренерот Диего Симеоне кој сега ќе има пеколно трио во нападот со Французинот, со Луис Суарез и со Жоао Феликс. Згора на тоа, Атлетико Мадрид вчера го официјализира трансферот на Родриго де Паул кој ќе биде замена за Саул Нигез.

Барселона немаше избор, мораше да се откаже од услугите на Гризман поради огромните примања, неговата плата ја чини Барселона 40 милиони евра бруто.
Тренерот на Барселона, Роналд Куман, иако е свесен дека неговиот тим е губитник во размената, сепак реши две важни прашања во тимот. Ослободи простор во нападот бидејќи летово ги донесе Серхио Агуеро и Мемфис Депај, додека со ангажманот на Саул Нигез го засили средниот ред бидејќи веќе ги отпиша Миралем Пјаниќ и Карлес Алења, а не успеа да го ангажира Вајналдум кој потпиша за ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот