Барса в недела ќе биде шампион доколку Реал не го победи Еспањол
Во 34 коло од најсилното шпанско фудбалско првенство екипата на Барселона на гости славеше со 2:1 против тимот на Осасуна.
Препорачано
На стадионот во Памплона немаше погодоци, а во вториот дел каталонскиот клуб поведе со голот на Левандовски во 81 минута по асистенцијата на Рашфорд.
Торес зголеми на 2:0 во 86 минута, а домаќините 120 секунди подоцна го ублажија својот 14 пораз во шампионатот.
На табелата Барселона е на врвот со 88 бодови од 34 натпревари, 14 повеќе од Реал Мадрид на втората позиција со 74 од 33 натпревари.
Реал Мадрид својот меч од ова коло ќе го игра в недела на гости против Еспањол и доколку не успее составот на Алваро Арбелоа да ги освои трите бода, Барса математички, официјално ќе биде шампион оваа натпреварувачка сезона во Ла Лига.
Барселона во следното коло на 10 мај дома ќе го игра дербито против Реал Мадрид, а Осасуна која се наоѓа на 10 место со 42 бодови два дена порано ќе гостува кај Леванте.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


