Баражот помеѓу Македонија и Косово ќе се игра во јуни годинава

ffm.mk

Полуфиналниот бараж натпревар од Лигага на Нациите помеѓу Македонија и Косово, најверојатно ќе се одигра во јуни годинава и тоа пред полн стадион. Првичниот термин за одигрување на натпреварот беше 26 март но поради пандемијата на коронавирусот, тој е одложен.

Од Олимпискиот комитет на Косово најавија дека новиот термин ќе биде 2 јуни, а финалниот дуел од групата Д од баражот во Лигата на Лигата на Нациите би се играл на 6 јуни.

Натпреварот ќе се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ и тоа најверојатно пред публика, но останува УЕФА и официјално да донесе ваква одлука.

УЕФА во текот на денот донесе одлука да го одложи Европското првенство на една година и тоа сега ќе се игра од 11 јуни до 11 јули 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот