Барајте производи со ознаката ИФС: Тоа е знак дека се квалитетни!
Кога купувате пластични производи, важно е тие да се без ознаката БПА, што значи дека не содржат бисфенол А, соединение кое може да биде потенцијално штетно за различни органи. Дополнително, кога купувате тоалетна хартија, важно е да ја изберете онаа на која има испечатени три букви на пакувањето – ИФС, пренесува Нова.рс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Станува збор за меѓународен сертификат кој го добиваат производители кои имаат контролирано производство. И што значи тоа? Меѓународниот стандард за храна (ИФС) е сертификат кој гарантира дека производот може да биде во контакт со храната. Тоа е многу важно, бидејќи за воопшто да се исполни, мора да се контролираат сите производствени текови – од првиот до последниот. Затоа, производителот мора да исполни неколку барања при креирањето на неговиот производ, за да го исполни тој стандард.
Во Србија, овој сертификат се наоѓа на пакувањето на тоалетните производи „Перфекс“ – што значи дека секој нивни производ може да биде во контакт со храната. Тоа всушност значи дека грицките можете да ги завиткате во тоалетна хартија и ќе бидат совршено хигиенски сочувани, дека нема да бидат во контакт со никакви хемикалии!


