Банките во Македонија добиваат конкуренција од 1 јануари

Гужва пред комерцијална банка / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Од почетокот на следната година, освен банките, платежни услуги во Северна Македонија ќе можат да даваат и платежни институции, штедилници и институции за електронски пари. Граѓаните и деловните субјекти, односно правните и физичките лица, ќе можат да отвораат сметки кај платежните институции и институции за електронски пари за извршување на плаќањата.

Средствата на правните и физичките лица на овие сметки нема да претставуваат депозити и на нив нема да се пресметува и плаќа камата, објави порталот Каматица.

Исто така, средствата во платежните институции и институциите за електронски пари ќе бидат заштитени со чување на посебни сметки во македонската централна банка, во деловните банки или штедилниците и нема да влегуваат во стечајната или ликвидациската маса во случај институцијата или банката, а штедилницата престанува со работа.во која се чуваат.

Посебно значајна новина за потрошувачите ќе биде полесното споредување на надоместоците за услуги поврзани со платежна сметка. За таа цел, централната банка ќе објави листа на 11-те најрепрезентативни услуги за платежни сметки кои потрошувачите ги користат најчесто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот