Балканските ѕвезди веќе закажаа тезги за дочекот на Новата година: Ќе се шокирате кога ќе видите кој земал најмногу пари

Светлана Цеца Ражнатовиќ/Јелена Карлуеша/ Александра Пријовиќ/Дара Бубамара/Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Ќе се изненадите кога ќе видите кој земал најмногу пари за настапот за Нова 2024 година, очигледно е дека на сите хонорарите баш им се зголемиле!

Иако ни се чини дека дочекот на Новата година е сè уште далеку, српските естрадни ѕвезди веќе наголемо закажале настапи, а од сумите ќе ви се сврти во главата!

Верувале или не, најплатен меѓу нив ќе биде Здравко Чолиќ, кој за настапот во најлудата ноќ во Дубровник ќе заработи дури 130.000 евра!, пишува српски „Курир“.

– Некои новогодишни настапи се закажани дури една година однапред и некои пејачи веќе добија аванс. Здравко Чолиќ точно пред една година го закажа концертот во Дубровник, каде за три часа пеење ќе добие 130.000 евра! Нема грешка со него, сигурно ќе има многу, затоа што го обожаваат сите, и млади и стари – вели менаџерот за „Информер“, кој инсистира да остане анонимен.

Тој додава дека Аца Лукас и Цеца Ражнатовиќ ќе добијат по 100.000 евра за новогодишната ноќ:

– Аца Лукас одлучи да пее во Белград затоа што сака да ја дочека Новата 2024 година со своите пријатели, додека неговата колешка Цеца ќе пее на Копаоник. Неа сите сакаа да ја ангажираат, чест на оние кои успеаја да закажат нејзин настап!

– Брена побара од менаџерот да пее некаде каде што е топло, па ќе настапи во Бар за 80.000 евра – вели менаџерот и додава дека Дара Бубамара ќе заработи 20.000 евра помалку:

– Иако оваа година ја крена цената, организаторите од Америка веднаш се согласија да ѝ дадат 60.000 евра за настапот во Чикаго. Дара оди во Америка на две недели, каде што ќе има турнеја, а новогодишната ноќ ќе ја дочека во Чикаго. Таму ја обожаваат, па сигурно е дека ќе го наполни клубот.

Како и секоја година, најмногу пејачи ќе настапат во Белград.

– Белград е епицентарот на забавите, па најдобрата понуда ќе биде тука. Слоба Радановиќ ќе пее во хотел за 40.000 евра, а ист хонорар Џани ќе добие за тезга во една сала. Во главниот град ќе пее и Дејан Матиќ и тоа за 30.000 евра – ја завршува приказната менаџерот за „Информер“.

Во моментот најбарана пејачка е снаата на Слободан Боба Живоиновиќ и Лепа БренаАлександра Пријовиќ. Таа го следи трендот со цените, па вредноста на нејзиното појавување во празничната ноќ годинава скокна од 40.000 евра на 50.000. Ќе настапи во главниот град – наведува „Курир“.

Теа Таировиќ договорила тезга во Хрватска за 20.000 евра. Рада Манојловиќ наплаќа 25.000 евра, додека поранешната претставничка на Србија на Евровизија, Сања Вучиќ договорила настап за 15.000.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот