Бајсуфинов: Македонија може да се надева на добар настап на ЕП

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Селекторот на Казахстан, Таглат Бајсуфинов и посака среќа на фудбалската репрезентација на Македонија и според одиграниот натпревар, избраниците на Ангеловски нема од што да се плашат на Евро 2020.

– И честитаме на Македонија и ѝ посакуваме добар настап на Европското првенство. Имавме доста грешки во одбраната, не функционираше и средниот ред и поразот не можевме да го избегнеме. Македонија има сличен пристап како Украина, селекција која е вашиот втор противник на шампионатот. Иако во Скопје игравме без неколку стандардни играчи може да се спореди играта на Македонија и Украина, селекција со која неодамна ремизиравме 1:1 во квалификациски меч за Мундијалот. Имате фудбалски велемајстор каков што е Горан Пандев, одлични сте во контри и во одбраната и можете да се надевате на добар настап на ЕП –изјави селекторот на Казахстан Бајсуфинов.

ФОТО: Фудбалерите победнички одат на Евро 2020, рутински го совладаа Казахстан

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот